Македонија
25. September 2020 - 12:22

Одложено судењето на поранешниот судија Јово Вангеловски

Се одложи судењето каде обвинет за злоупотреба е поранешниот прв човек на Врховниот суд и поранешен судија Јово Вангеловски. Причината поради која што се одложи денешното рочиште е бидејќи Вангеловски немал време да ја подготви својата одбрана. Тој тврди дека обвинителниот акт го добил премногу доцна. Рочиштето продолжува на 29-ти октомври. Според обнинението покренато против Вангеловски пред 2 месеци тој ја злоупотребил својата службена положба со тоа што на сите судии им дал додаток на плата за месец ноември 2018-та година, само на една судијка не.

 

Елена Милошевска