Одлуката за финансиска поддршка на реконструкцијата на Универзална сала пред Владата
Владата денеска, на редовната 21 седница, ќе разгледа повеќе предлог-закони и одлуки, меѓу кои е и Предлог-одлуката за одобрување 120.000.000 денари неповратна финансиска помош од Буџетот на државата, средства кои Град Скопје треба да ги искористи за реконструкција на Универзалната сала.
На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На предлог на Министерството за финансии, Владата треба да го разгледа и Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“.
Како што најави владината прес-служба, седницата ќе почне во 12:30 часот, ќе се одвива преку видеоконференциска интернет комуникација, а за донесените одлуки и заклучоци ќе биде испратено соопштение.
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен