Loading Video...
Ракомет
4. August 2020 - 18:28

Одредени групите за струшкиот ракометен турнир

Пандемијата на Корона вирусот е причината поради која годинашното издание на традиционалниот струшки ракометен турнир, ќе го нема меѓународниот карактер. 
 
Така само со македонски екипи, ќе мине турнирот што ќе се одржува во периодот од 12 до 16 август. 
 
Организаторот на турнирот ги одреди групите, во кои Вардар ќе ја има улогата на апсолутен фаворит во А групата во која се и вториот тим на Еурофарм Пелистер, Охрид и Бутел Скопје
 
Во Б групата интересен меч очекуваме да гледаме во дуелот меѓу Металург и Еурофарм Пелистер, група во која покрај се и домаќинот Струга и екипата на Прилеп. 
 
Распоредот на натпревари ќе биде дополнително одреден, а победниците во групите ќе играат во финалниот меч.