Македонија
27. November 2017 - 13:24

Ограбено казино на „Партизанска“

Вчера во 08.50 часот во казино на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје непознато маскирано лице извршило разбојништво.

Сторителот, со закана со нож и палка, од вработените одзел околу 130.000 денари од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.