Македонија
9. October 2016 - 17:19

Охрид наскоро ќе добие катна гаража

Охрид наскоро ќе ја добие првата катна гаража.Извршени се потребните измени на деталниот урбанистички план,објавен е оглас за идејно решение на кој се очекува да се пријават повеќе проектанти кои ќе понудат решенија за изгледот на објектот кој треба да биде автентичен и да се вклопува во охридската архитектура.Катната гаража ќе се гради во центарот на градот позади хотелот Ривиера и ќе обезбеди паркинг места за околу 250 возила.

Грозданов потенцира дека целта е корисниците на дел од земјиштето да добијат соодветно обештетување согласно законот за експропријација .

Со изградбата на катната гаража конечно ќе се реши  хаосот во паркинг просторот во главниот туристички центар осебно во летниот период.