Македонија
16. February 2020 - 16:40

Охрид очекува подбра туристичка сезона

Охрид очекува успешна туристичка сезона.Пораст на бројот на странските туристи за 12,5 а кај домашните од околу 3 проценти се предвидувањата содржани  во анализата за економски импакт на туризмот подготвена од професорите на Факултетот за туризам. Експертите велат дека субвенциите двојно го зголемија бројот на ноќевањата.

Новите чартер летови пак на македонските аеродроми дополнително привлекуваат туристи во земјава.

Добрите познавачи велат дека промотивните настапи и соработката со светски познати тур оператори допринесоа за зголемување на бројот на гости а истовремено и проширување на листата на држави од каде што доаѓаат туристите.