Македонија
1. August 2016 - 20:26

Охрид полн со гости

Градот под Самоиловата тврдина преполн со гости.Хотелските капацитети се исполнети а во апартманите и приватното сместување се бара место повеќе.Традиционално Охрид шпицот на сезоната го  достигнува токму за празникот Илинден.Многубројните културни и забавни  настани дополнително допринесоа бројот на туристите да се зголемува.

Културните содржини за сечиј вкус, бројните концерти на домашни и странски уметници  меѓу кои на познатиот диџеј  Ники Ромеро легендарниот гитарист Ал Ди Меола како и на рок групата „Продиџи“, а секако и во рамките на oф програмата на фестивалот Охридско лето настапот на рок групата Ван гог го прават Охрид  привлечен за сите генерации.

Плажите долж езерото се  исполнети а иста е сликата и по чаршијата и стариот дел на градот.

Инаку најбројни на охридската ривиера се гостите од Холандија,Израел,Белгија Турција и соседните земји а голем е бројот и на домашните туристи.