Македонија
12. March 2017 - 16:06

Охрид во црвена и жолта боја

Охрид во знакот на црвено жолтата боја. Во градот се развеани безброј македонски  знамиња.

Покажувајќи заедништво,изминативе денови огромен број на граѓани маршираа низ центарот на градот до охридскиот плоштад, а денеска  на велосипед порачаа дека се против промена на Уставот, воведување на двојазичност и поделба на државата.

Охриѓани покрај дружењето  ја искажаа подршката за одбрана на Македонија.

Од месец март годинава охриѓани масовно се приклучија на мирниот марш во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тие денеска од градскиот плоштад покрај кејот па се низ улиците по Булеварот Туристичка  ја извозија симболично патеката на државноста.