Бизнис
2. March 2018 - 17:40

Охриѓани ќе плаќаат повисоки сметки за вода

Поскапува водата во Охрид .Наместо паушалните 70 денари доплата кои беа најавени претходно граѓаните од својот буџет ќе треба да издвојат околу 130 денари.Охриѓани со години бараат намалување на цената на водата а наместо тоа добија зголемување .Од опозицијата реагираат на ваквата одлука тие велат дека повисоките сметки за вода ќе удрат по џебот на сиромашните .

Градоначалникот Стојаноски потенцира дека доколку општината не пристапела кон покачување тоа секако ќе го сторела регулаторната комисија но со повисоки цени.

Граѓаните најчесто се жалат на зголемувањето на колекторската сметка градоначалникот вели дека се додека не се реши проблемот со колекторот кој претставува еколошка бомба охриѓани ќе имаат високи сметки за одржување на колекторот.