Македонија
13. March 2016 - 17:02

ОЈО ги повикува на распит СЈО кои со кривични пријави се товарат за малтретирање сведоци, поткуп и изнуда, а тие не се појавуваат на распит

Повиканите обвинители од тимот на Јанева, против кои беа поднесени 20-тина кривични пријави за незаконско постапување и малтретирање при вршење на служба, продолжуваат да ја опструираат работата на Основното јавно обвинителство. Тие не одговараат на поканите да дојдат на распит, со што прават ново кривично дело.

Доказ за ваквиот начин на работа на СЈО е соопштението што ОЈО го испрати на 2 март.

За сите покани до Основното јавно обвинителство – Скопје е одговорено од страна на Јавниот обвинител што раководи со Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, дека, цитираме: „Во врска со поканата упатена до …, Ве известуваме дека лицето нема да даде исказ во означеното време како што е наведено во поканата. Согласно одредбите од Законот за кривична постапка и чл.10 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите потребно е детално да ме известите за причините за повикување на …. И тогаш ќе биде врачена поканата.“, стои во соопштението.

Според информации од истрагата, граѓаните пријавиле дека обвинителите од тимот на Катица Јанева преку разни закани, поткуп и уцени се обидувале да ги наведат на лажни сведочења.  

Неофицијално, од истрагата велат дека многу често им било нудено и статус на заштитен сведок, како начин да се спасат, но во замена да посочат некој друг како виновен. Истите извори коментираат и случаи во кои откако ќе биле одбиени, на испрашуваните лица им велеле да размислат уште еднаш, бидејќи ако не прифателе ќе лежат во затвор. Им биле споменувани и нивните деца и фамилии.

За еден од овие случаи  МВР поднесе пријава заради нудење на поткуп од 100.000 евра, на лица за да даде лажна изјава со која би биле неосновано обвинети други лица.