Македонија
8. March 2021 - 12:48

ОЈО поднесе обвинение против шест лица за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест

 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против петмина македонски и еден турски државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

– Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица, се вели во соопштението од ОЈО.