ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција: Истрагата за случајот „рекет“ се уште не е проширена
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како шпекулации ги оцени одредени написи во дел од медиумите за наводно проширување на истрагата во предметот за примање награда за противзаконито влијание. Истрагата штотуку е отворена и не може да се зборува за проширување, велат оттаму, но не исклучуваат таква можност доколку во истрагата се дојде до релевантни докази за нејзино проширување.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги осудува написите што се појавија во дел од медиумите кои, повикувајќи се на извори од обвинителството, шират шпекулации за наводно проширување на истрагата и за содржина на одземените материјални докази во предметот за примање награда за противзаконито влијание, се вели во денешното соопштение.
Од Обвинителството потенцираат дека само официјално објавените соопштенија на веб страницата на обвинителството и дадените изјави на обвинителите се веродостоен извор на информации во врска со овој предмет.
-Истражната постапка е штотуку отворена и во моментов не може да стане збор за проширување на истата, но не е исклучена можноста доколку при истрагата се дојде до релевантни докази истата да биде проширена, велат од Обвинителството.
Од оваа институција потсетуваат дека, како што веќе информирале, при синоќешните претреси се одземени повеќе компјутери, УСБ стикови, телефони и мемориски картички.
-Согласно законските процедури при одземање на ваков вид на предмети истите се запечатуваат и со наредба на јавен обвинител се доставуваат на вештачење. Вештачењето е процедура што бара време и посветеност и во моментов не може да се говори за содржината на одземените материјали, потенцира во соопштението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, Обвинителството посочува дека останува отворено за споделување на веродостојни информации онолку колку што дозволува истрагата.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ