ОЈО за гонење организиран криминал и корупција открило организирана група за нелегална трговија со дрога
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал вчера спровела акција за откривање организирана група што извршувала кривични дела на нелегална трговија со дрога.
- Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица, се вели во денешното соопштение од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Оттаму посочуваат и дека во тек е целосното документирање на случајот по што, како што велат, ќе ја информираат јавноста за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден