ОН: Околу 5,7 милиони Пакистанци ќе се соочат со сериозна криза со храната поради поплавите
Обединетите Нации предупредија дека околу 5,7 милиони Пакистанци ќе се соочат со сериозна криза со храната во наредните три месеци, поради поплавите што ја погодија земјата. Пакистанската национална управа за справување со катастрофи соопшти оти во поплавите, предизвикани од обилните монсунски дождови, загинаа 1.695 лица, а погодени се 33 милиони луѓе.
Оштетени се над два милиона домови, а раселени се стотици илјади луѓе, кои сега живеат во шатори или во импровизирани куќарки. Канцеларијата на ОН за координација со хуманитарни прашања во својот најнов извештај наведе дека очекува последиците од поплавите да бидат влошување на сиромаштијата во Пакистан.
Според извештајот, 5,7 милиони лица во подрачјата погодени од поплавите, ќе се соочат со криза поврзана со храна.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка