Околу 900 дозволи за работа на земјоделците за движење во време на полициски час
Околу 900 дозволи за работа во време на забраната за движењето поради коронавирусот досега се издадени на земјоделци во тетовскиот регион со посредство на подрачната единица Тетово при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-По изразувањето интерес од страна на земјоделците, по телефон или е-маил, барањата до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ги испраќаат вработените во подрачната единица. Од МИОА потоа ни враќаат по и-мејл и им ги даваме на земјоделците, изјави раководителот на подрачната единица Африм Сејрани.
Во тетовскиот регион веќе во полн ек се подготвителните работи за пролетната сеидба, поради што земјоделците имаат потреба од дозвола за движење во нивите.
-Во Тетовско претежно сега се сади ран компир, гравот, луцерката и пченка. Во зависност од временските услови земјоделците работат на расчистување на нивите, по што ќе следи орањето и садењето, вели Петре Петревски, агроном.
Од останатите земјоделци, работа имаат и овоштарите. Веќе е извршено првото прскање за праските, а сега според агрономот следуваат истите превентивни мерки и заштита на јаболките.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс