-->
-->
Олимпиското село во Рио неподготвено за спортистите
-->
Спортистите од Австралија одбија да се сместат во Олимпиското село во Рио по што организаторот мораше бргу да реагира и да ја среди затечената состојба.
Австралијците се жалеа на лошите услови како што се затнатите тоалети, пукнати цевки и неизолирани жици.
Рио има проблеми со дочекот на спортистите бидејќи според извештаите на западните медиуми сместувачките капацитети не се целосно подготвени.
Организаторот информира дека се потрошени 1,5 милијарди долари на изградбата на 31 зграда и дека 600 луѓе работат на финиширање на ентериерите и другите завршни работи.
Изградени се и тениски терени, фудбалски игралишта, базени и сместувачки капацитети за 18 000 спортисти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Во кочанско започна жетвата на „белото злато“
-
Преглед на вести од светот
-
Муртезани во Брисел го претстави планот со кој ќе ја враќаат довербата во правосудството
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“
-
Преглед на вестите од светот
-
Од денеска замрзнати маржи - Има ли промена на цените во маркетите?
-
Законот за бранители на СДСМ ја ниша коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ