Бизнис
8. November 2017 - 20:26

ОПЕК: Побарувачката за нафта ќе се намалува

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) соопшти дека глобалната побарувачка за нафта постепено ќе се намалува. Сепак, фосилните горива и во иднина ќе бидат главен извор на енергија.

ОПЕК наведе дека глобалната годишна просечна побарувачка од 1,3 милиони барели дневно меѓу 2016 и 2020, ќе се намали на 300.000 барели дневно до 2035-2040 година.

Во објавениот редовен годишен извештај, ОПЕК наведе дека обновливата енергија ќе има најбрз раст, но дека уделот во вкупната енергија ќе биде под 5,5 отсто до 2040 година.

Според извештајот, фосилните горива, кои претставуваат 81 процент од изворите на енергија во 2015 година, до 2040 година ќе паднат на 74 отсто.