Бизнис
4. August 2020 - 15:21

Опоравувањето ќе трае двојно подолго ако долгот надмине 60%

Земјава не смее да го пробие нивото од 60% јавен долг. Според универзитетскиот професор Борче Треневски, еконмиите како нашата двојно потешко се опоравуваат ако јавниот долг надмине 60% од бруто домашниот производ. 

Заклучно со јуни, јавниот долг е зголемен и изнесува 59,5%. Растот  во вториот квартал изнесува 8,9 процентни поени или близу една милијарда евра.

„На малите и отворени економии како нашата ако го надминат нивото од 60% од БДП, ќе им бидат потребни двојно повеќе години за да се вратат под 60%. Значи, ќе влеземе во една зона која ќе биде многу специфична за опоравување. Од една страна, ќе се бараат мерки за ревитализација на економијата, а од друга, ќе мора да се собираат повеќе приходи во буџетот. На Владата ќе и биде многу тешко тоа да го објасни“, вели Треневски за Сител.

 

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова