Македонија
30. March 2016 - 13:04

Опожарени покрив на куќа и помошна просторија во Шуто Иризари

Покрив на куќа и помошна просторија се опожарени ноќеска во Шуто Оризари, соопшти МВР.

Пожарот во куќата на ул. „Че Гевара“ сопственост на М.У. (56), бил пријавен ноќеска околу 02.30 часот од непознато лице. Нема повредени лица, а противпожарни екипи го локализирале пожарот.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.