Македонија
3. December 2020 - 16:40

Опозицијата не се откажува од собраниска расправа за односите со Бугарија

Разговорите со Бугарија мора да се најдат во парламентот и не зависно дали тоа власта го сака или не, прашањето ќе биде отворено во Собранието, коментираат од опозицијата по новата блокада ниво на евроамбасадори за утврдување на преговарачката рамка за Македонија за членство во ЕУ, и назначувањето на поранешниот премиер Бучковски за специјален претставник во односите меѓу Скопје и Атина.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат остануваат три механизми – пратеничките прашања, интерпелација на министрите Димитров и Османи, или пак, гласање за доверба на целата влада.

И од пратеничката група на Алијансата на Албанците и Алтернатива велат дека власта крие нешто од разговорите со Софија и затоа нема широка дебата на ниво на Собрание.

Од владејачкото мнозинство, пак, стојат тврдо на ставот дека ова прашање е затворено за собраниска дебата.

Пратениците на власта вчера и на комисијата за надворешни работи која ја води Милошоски, откако два пати не доаѓаа на седница на ова собраниско тело, вчера дојдоа и гласаа против тоа прашањето да се разговара од страна на народните избраници.