Македонија
14. May 2020 - 14:30

Опозицијата обвинува дека Шилегов реализира прескапи инвестиции, ИДН на албанците бара патека и двојазична табла

Најскап тревник во светот. Вака опозицијата ги коментира последните измени на плоштадот Македонија со вредност од 530 илјади евра.

Од ВМРО ДПМНЕ го обвинија градоначалникот Шилегов за прескапа инвестиција. Нивните пресметки велат дека еден квадратен метар трева бил платен 110 евра и прашуваат во чии џебови отишле овие пари.

“За илустрација со 530 илјади евра може да се изгради монтажно училиште, или пак амбуланта какви што им се потребни на скопјани. Овој тревник чини 110 евра по метар квадратен, а метар квадратен за градба на училиште на пример изнесува 70 евра.”

При промоцијата на проектот градоначалникот потенцираше дека сепак, ова не е инвестиција на градот. Парите ги донирале совесни граѓани, кои, како што рече Шилегов, сакале да помогнат да се уреди девастираниот простор.

Поставувањето на тревникот го мобилизираше и Институтот за духовно наследство на Албанците. Спомен куќата се наоѓа токму на ова место, а од градот побараа достојно презентирање на нејзиниот лик и дело.

“Бараме патека, двојазична табла.”

Овие барања беа тема и на денешната средба на градончалникот Шилегов со директорот на Спомен куќата на Мајка Тереза.

“Добивме гарнација дека ќе има привремено решение.”

Шилегов досега неколку пати повтори дека станува збор за приватен простор и дека рацете на Градот се врзани за интервенција со јавни пари.

Местото на тревникот е предмет на долгогодишен спор и продадено е од страна на државата пред осум годиниа, со обврска таму да бидат изградени познатите „Шпански скали“.