Општина Аеродром ангажира 12 лица за општинско-корисна работа
Општина Аеродром од овој месец ангажира 12 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и тројца помагатели на 30-ина стари лица. Асистентите и помагателите се ангажирани преку програмата за општинско- корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации“ во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.
Овие лица имаат ангажман од 20 часа неделно за период од 6 до 9 месеци и за тоа ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.
Целта на проектот е асистентите преку помагање и грижа за ученици и стари лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела