Општина Аеродром ќе донира средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија
Општина Аеродром ќе донира парични средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страна информираше дека во среда, на редовната седница на Советот на Општина Аеродром, ќе биде донесена одлуката со која ќе се обезбедат потребните средства за помош на погодените од земјотресот во Турција и Сирија.
„На моја иницијатива, а во координација со Претседателот на советот Дејан Митески, во среда ќе се одржи седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе биде донесена одлука за обезбедување средства од буџетот на општината. Средствата ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша Муцунски на Фејсбук.
Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Муцунски исто така оствари и телефонски разговор со амбасадорот на Турција во Македонија, при што упати длабоко сочувство до турскиот народ и посака што поскоро животот во погодените градови да се врати во нормала. Во рамки на телефонскиот разговор, Муцунски ја истакна подготвеноста на општината Аеродром за поддршка и помош во следниот период.
Ново на Сител
-
Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Јавна соба“
-
Претставници на синдикатите за здравство на средба со министерот Меџити
-
Кина планира случајни проверки за Ковид-19 во здравствените установи
-
Туфегџиќ: Во тек е животно загрозувачка операција врз Бојан Јовановски
-
Македонците консумираат најмалку месо во Европа
-
Најмалку 12 лица загинаа во пожар на траект на Филипините , седум се водат за исчезнати
-
Курти: Потребна ни и е брза и коректна примена на договорот со Србија
-
Израел истрела ракети околу Дамаск, повредени двајца војници