Македонија
16. April 2018 - 8:31

Општина Чаир го одбележува роденденот

Општина Чаир ќе го одбележи својот роденден со низа активности во текот на целата недела.

Најавува многу работа за подобрување на патната инфраструктура, основните школи и ревитализација на зелените површини.

- Изразуваме искрена благодарност до сите генерации вработени за досегашните постигнувања, но и целосна подготвеност да ја поддржиме новата раководна структура во насока на уште поголема транспарентност. Не очекува многу работа, а напредокот се постигнува со искрена работа и трпение, наведуваат од Општината.