Општина Кичево додели субвенции за намалување на невработеноста
Врз основа на програмата за поддршка на локалниот економски развој во која е предвиден буџет за поддршка на приватни бизниси и субвенционирање на вработување, како и врз основа на оперативниот план и насоки за спроведување на мерки за самовработување денеска во општина Кичево беа потпишани првите договори со апликанти добитници врз основа на горенаведената програма.
-Ми беше задоволство што денеска ги потпишав првите договори со фирми кои ги исполниа критериумите по јавниот повик и невработени лица од нашата општина за субвенционирање отворање на нови бизниси и вработување на невработени лица. Со оваа мерка директно му помагаме на локалниот бизнис и придонесуваме колку толку за намалување на невработеноста во нашата општина, истакна градоначалникот Фатмир Дехари.
Вредноста за субвенционирање изнесува 180 .000 денари неповратни средства како и ослободување од таксата за фирмарина во следните две години, за секоја апликација која ги исполнува условите според огласот на општината.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк