Бизнис
23. February 2017 - 20:03

Општина Кочани ги преполови сметките за струја со енергетска ефикасност

Со примена на најновата лед техногија за улично осветлување и излегувањето на слободниот пазар на електрична енергија, општина Кочани заштеди 60 % на сметките за струја во последните 3 месеци.

Модернизацијата на системот за улично осветлување ја чинеше општината 61, 5 милиони денари, на одложено плаќање на 36 еднакви рати, без камата.

-Се заменети 4000 живини светилки со ЛЕД светилки во градот и во сите населени места во општината и се поставени над 300 нови светилки на темни, недоволно осветлени места, така што осветленоста е зголемена за 50 % и во градот и во населените места- изјави ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.

Кочани од октомври, минатата година, излезе на слободниот пазар на електрична енергија, а вкупната заштеда на струја ја сведе на 76 %.

-Заштедените и прибраните средства од комуналната такса за улично осветлување во целост ќе ја покријат инвестицијата, а веќе од 2019 –та година се планира заштедата да се влева во општинската каса.-стенд ап

Тие средства ќе бидат искористени за дополнителна модернизација на инфраструктурата во градот и руралните средини.