Општина Тетово потпиша меморандум со Здружението на Албанци за наука и уметност
Општина Тетово денеска потпиша меморандум за соработка со Академското здружение на Албанците за наука и уметност – Тетово. Целта на меморандумот, како што информираат од Општината, е меѓусебна координација, планирање и реализација на различни истражувачки, едукативни, научни и културни активности.
– Исто така, со овој меморандум за соработка ќе се овозможи изготвување стратегија, која ќе биде во согласност со законите, со која улиците во Тетово ќе имаат албански имиња и со која на Тетово ќе му се врати културата и традицијата, како што му доликува. Врз основа на овој Меморандум, начинот на соработката, координацијата и спроведувањето на конкретни активности, ќе се врши врз основа на заемно дефинирана и усогласена програма, со соодветни обврски за секоја од потпишаните страни, се вели во соопштението на Општина Тетово.
Од таму додаваат дека ќе продолжат да го поддржуваат секој поединец и здружение кое ќе придонесе за подобрување на условите за живот во градот.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи