Македонија
10. August 2016 - 18:00

Општина Валандово ќе донира 300.000 денари за настраданите од поплавените региони

Советот на општина Валандово денеска одржа итна седница на која беше донесена одлука за одобрување на финансиска помош во висина од 300.000 денари за жителите од настраданите региони од поплавата во скопко-тетовскиот регион .

Денеска од 10 до 19 часот, на специјален штанд во центарот на градот, општинскиот Црвен крст од Валандово ја спроведува хуманитарната акција во која граѓаните на општина Валандово за настраданите од поплавата донираат вода за пиење, конзервирана храна, бебешка храна и средства за хигиена и дезинфекција.

Помошта со камион ќе биде доставена до магацинот на Црвениот крст во Скопје од каде што, според потребите, ќе се дистрибуира до крајните корисници.