Македонија
3. October 2022 - 12:34

Оштетени спомен бистите на Никола Вапцаров и Коле Неделковски во Градскиот парк

Украдени се бистите на Коле Неделковски и Никола Вапцаров кои беа поставени во скопскиот Градски парк.

Кражбата се случи во текот на изминатата ноќ. Прво биле турнати бетонските постаменти а потоа со алат се пресечени бистите на двајцата македонски револуционери. 

Спомен бистите беа откриени во 2013 година а тогаш беа поставени и спомен обележја на четворица истакнати македонски револуционери. 

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации од МВР.