Бизнис
10. September 2020 - 19:49

Оштетените штедачи на Еуростандард банка бараат државата парично да ги обесштети

Штедела со години за да има денар плус за црни денови, а за само еден ден ја изгубила целата заштеда - со ваков проблем сe соочува пензионерката Радица Фириева, која остана без својата заштеда по пропаѓањето на Еуростандард банка. Низ солзи ни раскажа дека била самохрана мајка на две деца. Едниот син 15 години печалел во странство, за да обезбедни подобра иднина за себе и мајка му.

Слична судбина има и Величковски Христијан, кој со својата сопруга и две малолетни деца живееле во еднособен стан, а штеделе за во иднина на своите деца да им обезбедат подобри услови за живеење.

На чекор до решавање на станбеното прашање бил и Дејан Старов, но и тој останал на цедило, откако пропаднала банката.