Македонија
11. December 2020 - 15:56

Основен кривичен суд: Недолично и недозволено однесување на дел од бранителите во „Монструм“

 Судот се соочи со недолично и недозволено однесување на дел од бранителите во постапката за предметот со КОК бр. 66/17 познат како „Монструм“ кое единствено оди на штета на обвинетите и оштетените во предметотот, откако без дозвола од судот и било какво оправдување ја напуштија судницата во текот на денешното рочиште, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот информираат дека за денешното однесување на адвокатите донесени се решенија со кое ги казнува согласно член 75 ст.1 ЗКП и за истото ќе ја извести и Адвокатската комора на РМ.

Откако до судот, се вели во соопштението, беше доставено решение со кое е утврдено дека бранителот Асмир Алиспахиќ е позитивен на вирусот Ковид – 19, а на сите расправи насоречни во претходните 40 дена беше отсутен од други причини, судот му предложи на адвокатот Насер Рауфи, кој нема спротиставена одбрана со дргите бранители да го замени отсутниот колега – адвокат, но, тоа било одбиено.

– Дополнително беше предложено, доколку расправата се одложи, на следната расправа судењето формално да почне од почеток, заради проток од 60 дена, само со читање на досега изведените докази, но и тој предлог наиде на несогласување и адвокатите без дозвола од судот и било какво оправдување, ја напуштија судницата, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Заради целисходност на постапката, доследно почтитување на начелото за судење во разумен рок, заштита на правата на оштетните и на обвинетите на кои им е определна мерка притвор и други мерки за обезбедување присуство, но пред се заради сензибилноста и комплексноста на предметот и барање на правда, Судот, се вели во соопштението, донесе решенија со кои на сите обвинети, за денешната расправа им се опредлуваат бранители по службена должност, со цел судењето да продолжи без непотребни одолговлекувања.

– Судењето продолжи само со читање на еден материјален доказ – известување за изработен вешт наод и мислење, а расправата ќе продолжи на 24 декември. Ја информираме јавноста дека во услови на пандемија судот ги прави сите напори за континуитет на конкретниот судски процес и редовно и транспаретно известување на јавноста, а за денешното однесување на адвокатите судот донесе решениа со кое ги казнува согласно член 75 ст.1 ЗКП и за истото ќе ја извести и Адвокатската комора на РМ, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Во предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година обвинети се  Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.

Петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток.

Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.