ОСТРОВСКА БАЈКА

Loading Video...

Хазиран е девојка од големиот град, посветена на својата кариера и целосно навикната на брзиот живот во Истанбул. Таа не може да замисли поинаков начин на живот, но кога нејзината компанија ќе ја испрати на далечен остров во Егејското Море за да го среди спорот за ново одморалиште, таа ќе се соочи со еден сосема поинаков свет. Малото место не е тоа на кое е навикната урбаната девојка. Земјиштето за кое е испратена да преговара и да го добие по секоја цена му припаѓа на младиот и згоден Појраз.

Двајцата млади ќе мора да се спознаат меѓусебно и да сфатат дека различностите се тоа што ги привлекува и ја воздигнува нивната љубов на тој мал и идиличен остров.

"Островска бајка", топла и нежна серија исполнета со љубов, но и многу хумор за опуштени викенд ноќи.