Осумнаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје
Осумнаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 14 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците од СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила тројца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца возачи под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници и 24 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се казнети 88 возачи, а со специјалното возило пајак подигнати се 60 возила.
Казнети се и еден пешак кој поминал подалеку од пешачки премин, тројца пешаци кои поминале на црвено светло, девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.
Санкционирани се и 12 возачи за неносење на сигурносен појас и 17 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, како и тројца возачи на мотор, мопед и мотоцикл за неносење заштитен шлем.
Ново на Сител
-
Целосно ќе се затвори сообраќајот Лакавица – Неготино од 1 февруари
-
Студија: Азитромицинот и доксициклинот не се ефикасни во лекувањето на Ковид-19
-
Шпанија: Жена која била прогласена за мртва од Ковид-19, се вратила дома девет дена по погребот
-
Собранието ја изгласа одлуката за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
-
Насер Зибери избран за народен правобранител
-
Македонија не добила рок за вакцините од Европската комисија
-
Се расчистува снегот што ноќеска го затрупа патот низ викенд населбата на Попова Шапка поради невреме
-
17-годишен скопјанец нападнат од неколку лица во Градскиот парк