Свет
23. January 2017 - 9:58

Осумнаесет лица загинаа во бури и торнада во САД

Бројот на жртвите во бурите, торнадата и поплавите, кои го погодија јужниот дел на САД, достигна 18 лица.

Властите соопштија дека во државата Џорџија биле пронајдени уште неколку тела на загинати луѓе, со што жртвите од природната стихија во оваа држава достигна 14. Четири лица ги загубија своите животи во саботата во државата Мисисипи.

Гувернерот на Џорџија, Нејтан Дил прогласи вонредна состојба во неколку окрузи, кои беа најтешко погодени од невремето. Вонредна состојба е прогласена и во некои реони на Мисисипи.

Лоши временски услови ги зафатија и државите Тексас, Алабама, Луизијана и Флорида. Засега таму нема жртви. Во некои области биле разурнати или оштетени  згради.

Американскиот претседател Доналд Трамп вети федерална помош за Џорџија, Флорида и Алабама.