Балкан
7. August 2019 - 15:45

Осумнаесет повредени мигранти на границата меѓу БиХ и Хрватска

Осумнаесет луѓе кои најверојатно се мигранти се повредени во инцидент во близина на границата на БиХ со Хрватска, во близина на Велика Кладуша, јавија босански медиуми.

Полицијата потврди дека повредените се примени на лекување во Здравствен дом во Велика Кладуша.

– Можам да потврдам дека се случи таков ицидент, но не и детали како се случи со оглед дека колегите од граничната полиција на БиХ ги затекнале тие луѓе во близина на границата. Пренесени се во болница каде им се санирани повредите, изјави Але Шиљдедиќ, портпатол на МВР во Унско-санскиот кантон. Граничната полиција на БиХ најави дека наскоро ќе има повеќе информации за повредените и околностите на инцидентот.