Loading Video...
Тенис
3. August 2020 - 17:29

Откажан Мастерсот во Мадрид, а неизвесен е Гренд-слемот во Њу Јорк!?

 
 
Тенискиот турнирот во Мадрид кој е од серијата Мастерс 1.000 нема да се одржи. Ваквата информација доаѓа од светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, пренесува шпанскиот весник „Марка”.
 
Имено како што пишува „Марка“, Ѓоковиќ ваквата вест им ги пренел на своите колеги за време на видео конференциската комуникација која ја имале, повикувајќи се на шпанската влада која поради влошената состојба со Ковид-19 вирусот во оваа земја била приморана да донесе такво решение. 
 
Сепак засега информацијата е не потврдена, а се очекува потврда да стигне во текот на наредните два дена, за кога и организаторите на Гренд-слемор во Њу Јорк, популарниот „УС Опен“ би требало конечно да се изјаснат дали Отвореното првенство на САД ќе се игра или не. 
 
И оттаму, стигнуваат информации дека најверојатно и овој турнир ќе биде откажан, разбирливо од истата причина. 
 
Инаку турнирот во според календарот требаше да се игра во втората половина на септември, а претходно од 30 август Гренд-слемот во Њу Јорк.