Македонија
6. May 2016 - 13:45

Откриена неексплодирана рачна граната од Првата светска војна

З.М. вчера во 12:30 часот пријавил во СВР Битола дека во атар на село Кажани пронашол една неексплодирана рачна граната од Првата светска војна.

Како што информира МВР, од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола, гранатата е подигната за натамошна постапка.