Македонија
23. July 2015 - 13:40

Отпечатена на македонски јазик брошурата за заштита на малцинствата во Албанија

Албанската институција Комесар за заштита од дискриминација ја отпечати и на македонски јазик брошурата за заштита на малцинствата во оваа земја, по упатеното барање од страна на македонското друштво „Илинден“ за исполнување на даденото ветување за печатење на брошурата и формуларот за поплаки и на македонски.

- Конечно брошурата е испечатена и на македонски јазик, покрај на албански, грчки, влашки и англиски, како што беше до сега. Откако во февруари добивме позитивен одговор на нашето барање борушата и формуларот дека ќе бидат испечатени и на македонски, од тоа немаше ништо. Оваа последователна неправда не можевме да ја трпиме. Затоа повторно се обративме со барање ветеното да се реализира, вели Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден “ со седиште во Тирана