Здравје
24. October 2015 - 13:30

Oтстранете го салото од стомакот со овој идеален појадок

Од најмлади до најстари, сите знаат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Затоа, дури и да сте на диета, не го прескокнувајте. Потребно е само да ги изберете вистинските состојки.

Од 2008-ма година се докажа дека ви треба само една состојка за да го отстраните салото од струкот – јајца.

Преполни се со протеини

Појадокот треба да биде оброк полн со протеини за да бидете сити до ручекот. Многу стручњаци сметаат дека преку првиот оброк во денот треба да внесеме најмалку 20g протеини, а добрата вест е што едно јајце содржи 6g.

Практичен избор

Кога сте гладни и имате потреба за нешто да грицнете, каснете едно тврдо варено јајце. Брзо ќе го подготвите, а е нискокалорична ужина која сигурно ќе ве држи сити до следниот оброк.

Препорачуваме: Едно тврдо варено јајце (78 калории) и јаболка (80 калории). Оваа комбинација ќе ве држи подалеку од фрижидерот и нездравите грицки до ручек.