Отворен Центар за ран детски развој во општина Кривогаштани
Општина Кривогаштани и жителите од Обршани првпат добија Центар за ран детски развој. По отворањето детската градинка во Кривогаштани во 2014 година, ова е втора заедничка инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и општината Кривогаштани.
Ова денеска го констатираа заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Кривогаштани Тони Заткоски, при отворањето на Центарот кој ќе работи во осостав на ОУ „Јонче Смугрески“ во селото Обршани.
Според Спасов, со ова се зголемуваат капацитетите за згрижување деца од предучилишна возраст.
- Овој проект ќе влијае на зголемување на капацитетот за згрижување деца од предучилишна возраст. Центарот за ран детски развој е одлична форма за згрижување дечињата, одлична поддршка на родителите за да ги извршуваат своите работни обврски и со зголемувањето на бројот на работните места се зголемува и потребата од вакви Центри и градинки. Со ваквите проекти Владата покажа грижа за секој дел од нашата држава, за секоја општина и за секое населено место, изјави Спасов.
Тој информира дека Министерството за труд и социјална политика заедно со општината изминатиот период отвори и дисперзирано одделение на Центарот за социјални работи, канцеларија на Центарот за вработување.
Спасов и Заткоски најавија уште еден Центар за ран детски развој во селото Бела Црква.
Градоначалникот Заткоски информира дека Центарот во селото Обршани е со капацитет за згрижување на 60 деца.
- Досега згрижени се 40 деца кои ќе работат во три групи по три часа дневно. Општината инвестираше 10.000 евра во градежните работи, а за опремата се погрижи Министерството за труд и социјална политика. Доколку се покаже потреба, Центарот може да прерасне во детска градинка за потребите на селото Обршани со 1.000 жители и на уште пет населени места, изјави Заткоски.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто