Живот
26. September 2015 - 20:54

Отворен најголемиот стаклен мост на светот

Во Кина вчера е отворен спектакуларниот висечки стаклен мост, долг 300 метри.

Мостот е дело на израелскиот архитект Хаим Дотан, поставен е над 180 метри длабока бездна во геолошко-забавниот Чангжажи, во централната кинеска провинција Хунан.

Според реакциите на првите посетители, може да се заклучи дека прошетката по мостот е само за неустрашиви. Имено, освен што се наоѓа на огромна височина, мостот лесно се ниша, што кај многумна може да предизвика непријатно чувство.