Македонија
11. December 2016 - 9:07

Отворени сите избирачки места во Кавадарци

Навреме се отворени сите шеесет избирачки места во Кавадарци и засега изборите течат без проблеми, информира претседателот на Општинската изборна комисија Зоран Костов. 

 
Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во Кавадарци се запишани 32.431 гласач.
 
На деветтите парламентарни избори учествуваат 11 политички  субјекти од кои шест политички партии и пет коалиции, со  58 листи и со 1.092  кандидати.