Живот
13. July 2021 - 12:29

Отворено 61-то издание на „Охридско лето“

„Регионот е волшепство од природата и наследство на историјата. Тапијата е во наши раце, само на чување. И затоа мораме да ја зачуваме, не заради УНЕСКО туку заради оставениот аманет кој е и наша обврска и наша чест“, порача министерката за култура Стефоска на отворањето на 61 издание на фестивалот „Охридско лето“. Со музичко-сценскиот спектакл „Големиот Чајковски" во изведба на уметниците од Националната опера и балет се отвори завесата на најреномираната манифестација.

Во Античкиот театар претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на манифестацијата најави дека кога прославуваме 30 години од независноста, го започнуваме нашиот најпрестижен меѓународен фестивал „Охридско лето“ со 90 македонски уметници чии квалитети сигурно не се подолу од најпознатите светски имиња.

До 20 август, на „Охридско лето“ ќе има 34 концерти и шест театарски претстави, во кои ќе учествуваат над 500 уметници од 18 земји.