Живот
16. August 2016 - 21:56

Овој човек има 39 жени, 94 деца и 33 внучиња - не планира да застане тука

Сите 167 членови на семејството на Зион Чан живеат во четирикатница со 100 соби, а 66-годишниот Индиец не планира да прекине во ширење на семејното стебло. Чан моментално има 39 жени, 94 деца и 33 внучиња.

Чан кој живее во изолирано село на границата со Бурма и Бангладеш, во секој момент има покрај себе барем седум жени, а една година успеал да се ожени со десет жени.

2familybig

-Дури и денес сум подготвен да го ширам семејството и подготвен сум да се женам, рече Чан.

Неговите жени ја делат спалната соба, додека синовите со нивните жени имаат посебни простории. Сопругите ја водат кујната, ќерките се задолжени за хигиена, а мажите за земјоделство и сточарство.

1familybig

-Се чувствувам како Бог. Имам толку луѓе за кои се грижам и се сметам за многу среќен човек, рече Чан.

Зион Чан предводи локална христијанска секта која одобрува полигамија.