Пад на вредноста на акциите на Амазон по веста дека Трамп им подготвува нов данок
Вредноста на акциите на светскиот онлајн дистрибутер Амазон денеска падна за неверојатни 52 милијарди долари, откако Белата куќа го отвори прашањето за даночната стапка која ја плаќа компанијата на Џеф Безос.
Според порталот Аксиос, претседателот Доналд Трамп се консултирал со своите советници за можноста да се воведат специјални даночни стапки против Амазон, пред се поради негативниот ефект кој оваа компанија го има врз помалите продавници.
- Во Конгресот сакаат да видат крв од Фејсбук, но претседателот Трамп не е заинтересиран за тоа. Трамп сака да го удри Амазон, објави Аксиос, цитирајќи повеќе високо позиционирани извори во Белата куќа.
Информацијата веднаш предизвика пад на акциите на Амазон, кој дојде непосредно по падот на вредноста на Фејсбук, предизвикана од серијата обвинувања дека оваа компанија соработувала со фирмата Кембриџ Аналитика која работела за предизборната кампања на Трамп.
И додека политичките противници на Трамп го напаѓаат Фејсбук, Амазон го навлече гневот на Трамп откако Безос го купи весникот „Вашингтон Пост“, кој е исклучително критички настроен кон администрацијата на Трамп.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители