Живот
30. October 2017 - 11:40

Падна рекордот: Ова момче ја склопи Рубиковата коцка за само 4,59 секунди

Што може да направите за 4,5 секунди? Сешто, а сепак ништо посебно, зарем не? На  23-годишниот СеунгБео Чо тоа време му беше доволно за да ја склопи Рубиковата коцка!

На натпреварувањето "ChicaGhosts 2017", кое овој викенд се одржа во Чикаго, на тоа момче му успеа да го направи тоа што е навидум невозможно - ја реши славната магична коцка за само 4,59 секунди и со тоа го надмина рекордот на Патрик Пос за 0,10 секудни.

Погледнете како изгледа тоа, но не се обидувајте да сфатите што се случува, зошто тоа е невозможно.