Пахор: НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина
Претседателот на Словенија, Борут Пахор на денешниот состанок на групата Араиолос на Малта, изјави дека НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина, откако Киев деновиве побара членство во сојузот.
Зборувајќи на маргините на состанокот во Валета, тој истакна дека потребно е да се зачува единството на НАТО алијансата. Околу барањето на Украина за полноправно членство во НАТО, тој смета дека земјата „има целосно право да ја избира сопствената надворешна и безбедносна политика“ и оти сојузот мора да ја остави вратата отворена за неа.
Пахор додаде дека за тоа мора да одлучат сите 30 членки на НАТО. Според него, во соочувањето со последиците од војната во Украина како и во односот кон Руската Федерација за ЕУ е важно да се одржи и зајакне единството. Како што подвлече Пахор, Европа не смее да ја повтори грешката од 2014 година, кога недоволно одлучно одговорила на руската окупација на Крим. Тој ги повика лидерите на флексибилност кога е во прашање ширењето на ЕУ на регионот на Западен Балкан.
Во Ла Валета се одржува состанокот на лидерите на земјите од групата Араиолос. Покрај Малта, членки на групата се и Естонија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Унгарија, Хрватска, Германија, Полска, Португалија, Словенија и Словачка.
Во центарот на дискусијата годинава е размената на мислење за ефектите од војната во Украина на безбедноста и стабилноста во источниот и југоисточниот дел на Европа. Лидерите на земјите членки на Европската Унија во овој формат се состануваат еднаш годишно од 2003 година.
Ново на Сител
-
Африм Гаши: Компромис е можен, но прво да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците
-
Малолетник избодел 18 годишно момче по кавга за девојка
-
Земјите-членки на ЕУ ќе обучуваат дополнителни 15.000 украински војници
-
Претрес во Скопје, пронајдени дрога и муниција, приведено едно лице
-
Алијансата за Албанците: За влез во Владата преговараме за ресорите правда и здравство
-
Потврдена смртта и на пилотот на грчкиот воен авион што се урна во понеделникот
-
Големо намалување на дизелот од полноќ
-
СПМ: Потребни се итни и неодложни парламентарни избори