Пахор: НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина
Претседателот на Словенија, Борут Пахор на денешниот состанок на групата Араиолос на Малта, изјави дека НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина, откако Киев деновиве побара членство во сојузот.
Зборувајќи на маргините на состанокот во Валета, тој истакна дека потребно е да се зачува единството на НАТО алијансата. Околу барањето на Украина за полноправно членство во НАТО, тој смета дека земјата „има целосно право да ја избира сопствената надворешна и безбедносна политика“ и оти сојузот мора да ја остави вратата отворена за неа.
Пахор додаде дека за тоа мора да одлучат сите 30 членки на НАТО. Според него, во соочувањето со последиците од војната во Украина како и во односот кон Руската Федерација за ЕУ е важно да се одржи и зајакне единството. Како што подвлече Пахор, Европа не смее да ја повтори грешката од 2014 година, кога недоволно одлучно одговорила на руската окупација на Крим. Тој ги повика лидерите на флексибилност кога е во прашање ширењето на ЕУ на регионот на Западен Балкан.
Во Ла Валета се одржува состанокот на лидерите на земјите од групата Араиолос. Покрај Малта, членки на групата се и Естонија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Унгарија, Хрватска, Германија, Полска, Португалија, Словенија и Словачка.
Во центарот на дискусијата годинава е размената на мислење за ефектите од војната во Украина на безбедноста и стабилноста во источниот и југоисточниот дел на Европа. Лидерите на земјите членки на Европската Унија во овој формат се состануваат еднаш годишно од 2003 година.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец од Штип, осуден на 6 години и 4 месеци казна затвор
-
Средба на градоначалникот на Кисела Вода со германскиот в.д. амбасадор Граф
-
ТАВ: „Ер Србија“ ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023
-
Стоилковски: Со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и со Тунис
-
Сообраќајна незгода во подножје на Кожуф планина кај месноста Мушов гроб
-
Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски
-
Ковачевски: МВР согласно Законот за странци одредува кој може да влезе во државата
-
НБ: Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор