Балкан
17. March 2018 - 11:33

Пакети со марихуана во морето во Дубровник

Во морето пред градските ѕидини во Дубровник забележани се пакети полни со марихуана, објавија локалните медиуми.

Според Дубровничкиот весник, пронајдено е поголемо количество марихуана, а полициската акција е во тек.

Се наведува дека полициски глисер го прегледува подрачјето, а се претпоставува дека пакетите со марихуана паднале од моторен чамец кој ја пренесувал дрогата од Црна Гора.