Македонија
16. November 2016 - 16:31

Панчевски: Напаѓачот на портпаролката на судот подолго време упатува закани и кон други службеници

Раководителот на секторот за човечки ресурси во Основниот суд СКопје 1, вчера попладне физички ја нападнал и и се заканувал на портпаролката на судот Паула Костадиновска. Неделникот Република објави повеќе фотографии на кои јасно се гледа дека напаѓачот Горан С. е близок до највисокот раководство на СДСМ и редовно бил дел од протестите кои ги организираше опозицијата.

Информацијата ја потвди и Кривичен. Во соопштението испратено до медиумите, велат дека вработениот Горан С. најпрво вербално и се заканил на портпаролката загрозувајќи ја нејзината сигурност со упатени закани по животот и телото, по што со примена на физичка сила ја турнал од столчето и ја напуштил просторијата. Претседателот на Основниот суд, Владимир Панчевски во изјава за Сител вели дека подолг временски период судот се соочува со исценирани напади кои ги смета и за лични. Потенцира дека вработениот кој вчера ја нападна портпаролката на судот, континуирано упатувал закани и кон останати службеници кои досега не се охрабриле да го пријават.

Тонско Владимир Панчевски

Покрај кривичната пријава за „Загрозување на сигурноста“ која портпаролката на судот ја поднела против напаѓачот, Панчевски вели дека тој ќе се соочи и со потешка дисциплинска постапка бидејќи биле нарушени односите во институцијата.

Од друга страна пак, Министерството за внатрешни работи се уште нема објавено никакви информации за настанот, а овој инцидент не е дел ниту од дневниот билтен на МВР.